Декември
Насекаде сè е бело,
бели елки, бели брези,
бели куќи, бело поле,
студен ветар вези...
Денот „Нова година“ е посветен на годината што доаѓа. Старата година тажно полека си заминува, Новата среќна, весела, радосна ни пристигнува. Учениците со голема радост бараат Новата година да им донесе „среќа“ во својот дом.
- Да нема деца гладни,
да нема луѓе страдни,
радост секаде да блика,
секој да биде со насмеана лика...
На желбите им нема крај.
Тоа го сакаат учениците од IIа одделение ПОУ „Сандо Масев“ - с. Баница со Одделенскиот наставник Петар Витанов.
Порака:
- Да сме сите како еден
во учење секој вреден,
со труд, слога, мир,
да владее во светот в шир...
- Дедо Мраз, дедо Мраз
од далеку иде,
тој за Нова година
гостин ќе ни биде!
- Носам вреќа играчки,
нежност, љубов, цвет,
здрави да ми растете,
деца од цел свет!
Новата Година - збори:
- Од далеку доаѓам дечиња. Ви носам многу сакани желби. А што е најважно?
- Да сте сите живи, здрави, среќни!
- Да нема глад, војни!
- Секаде да царува мир.
- Мојата Новогодишна честитка,
ќе ја носи птица бела,
над градови и села.
Ќе каже на цел свет
дека децата се најубавиот цвет...
Нашето детство е исполнето со безгрижни денови. Денови, исполнети со радост, милост, убавина.
- Бели, снежни ѕвездички најубави сестрички, од облак излетаат на земјата слетаат...
Нема коментара:
Постави коментар