Ученици сме во II а одделение при ПОУ „Сандо Масев“ - с. Баница. Одделенски наставник Петар Витанов.
Во пресрет ни доаѓа еден голем празник „8 ми Март“ се вика - Ден е на мајките; Ден на жената: мајка, баба, тетка, стрина - опишена во приказните и во бајките...
На тој ден ним - цвеќе им се подарува, со најубави желби за среќа и радост, им се посакува сè најубаво тогаш: здравје, напредок, и - вечна младост!
- Убава е птицата во лет,
убав е синиот нежен цвет,
е поубава од сè!
Зар не?
Зошто го празнуваме „8 ми Март - Денот на жената“
Осми март е празник во знак на сеќавање на долготрајната борба на жените во светот, за правата кои со векови им биле ускратувани. Тие немале право на глас на изборите, а во сите важни работи мажите го имале главниот збор.
Во Америка - Чикаго на „8 ми Март“ 1909 година биле одржани големи демонстрации на жените кои барале рамноправност, почитување, леб и вработување. Во 1910 година Клара Цеткин - жена револуционерка, жена што вечно ќе се споменува и високо цени, го прогласила „8 ми Март“ за меѓународен празник на сите жени! Роза Луксембург - пријателка на Клара - борец за човечки права, затоа секоја чест и слава! За нив букет со свежо цвеќе, зошто животот го дале да ни биде нам живот среќен...
Букет за Клара Цеткин |
Букет за Роза Луксембург |
Денес мајко ти празнуваш, во слобода на успесите наздравуваш, рамнноправно работиш, самоуправуваш. Денес твоите раце се вредни и златни. Секое цвеќе што ќе никне искапено в роси, долго ќе ги краси твоите коси.
- Честит празник драга мајко!
Цвет за мама- Полична си мајко
дури и од цветот,
нема ништо помилоод тебе на светот!
Нема коментара:
Постави коментар